Oceanco ја претстави својата нова јахта

Oceanco ја претстави својата нова јахта

Компанијата Oceanco ја претстави својата долго очекувана нова јахта со должина од 90 метри.

Станува збор за моделот Y717 кој е спремен да оди во рацете на својот сопственик. Ова е инаку првата јахта во Холандија која доби IBS нотација и дезигнација. Креирана за живот на отворено, оваа јахта има суперструктура во целост креирана од рефлективно стакло така што сопствениците и нивните гости постојано ќе можат да уживаат во панорамскиот поглед.

Горната палуба е простор наменет за сопствениците, дизајниран без премини со цел да се обезбеди нивната приватност. Наместо нив, приватните балкони нудат уживање во погледот и внесуваат светлост во секоја просторија. Сопствениците исто така имаат пристап кон свое сопствено џакузи.

“Профилот има единствено чувство за контраст и хомогеност помеѓу темното стакло и белиот балкон, овозможувајќи константа промена во облиците и линиите на овие два елементи”, изјавил Луис ДеБасто, кој го дизајнирал нејзиниот екстериер.

“Мојот иницијален цртеж изгледаше како футуристички концепт, но сега тоа е вистинска јахта чија конструкција е овозможена со напредната технологија на инженерскиот тим на Oceanco”.

ДеБасто се погрижил профилот на оваа јахта да го задржи долгиот, спортски и елегантен изглед без тешка суперструктура. Она што е посебно интересно е фактот дека Y717 била наречена “Project Shark” бидејќи гледано од птичја перспектива, таа поседува големи сличности со ајкулата-чекан.