Обожавателите на The Big Bang Theory имаат едно барање за последната епизода

Обожавателите на The Big Bang Theory имаат едно барање за последната епизода

Со тоа што на серијата “The Big Bang Theory” ѝ се ближи крајот, обожавателите на популарниот ситком на “NBC” имаат едно големо барање за последната епизода – лифтот да биде поправен.

Повеќе од судбината на Шелдон, Хауард и екипата, обожавателите на серијата сакаат да знаат дали лифтот во зградата во која дел од друштвото живее, ќе биде конечно поправен. Во текот на 12-те сезони во серијата повеќе пати се расправало за расипаниот лифт – Шелдон во еден момент сакаше да го претвори во ракетен силос додека Хауард во една од епизодите пробуваше да го поправи, но тоа не му успеа.

Обожавателите на серијата сега се надеваат дека конечно ќе биде тргнат знакот на кој пишува “out of order” и ќе биде тргната жолтата лента од лифтот.

Членовите на актерската постава неодамна изјавија дека се уште не им е откриено што ќе се случува во финалето, кое во Америка ќе се емитува на 29-ти мај следната година.

И додека некои се прашуваат дали Хауард и Пени ќе добијат дете, или тоа ќе бидат Шелдон и Ејми, други ги интересира што ќе се случи со лифтот. Бројни гледачи се сложуваат дека серијата веќе требало да заврши, а дури и актерот Џим Парсонс кој се појавува во улога на Шелдон го споредил нејзиниот крај со “успивање на старо куче”.

View this post on Instagram

Who’s watching #BigBangTheory with us?!

A post shared by The Big Bang Theory (@bigbangtheory_cbs) on