Објавени номинациите за Златен глобус, Лејди Гага и Бредли Купер водат

Објавени номинациите за Златен глобус, Лејди Гага и Бредли Купер водат

Номинациите за Златен глобус се најчесто точно навестување за тоа каков расплет ќе треба да се очекува на доделувањето на Оскарите, и меѓу фаворитите е филмот A Star is Born.

Преносот на 76. Златен глобус ќе може да се гледа во 210 држави во светот.

Во категоријата Најдобра драма за наградата конкурираат “Black Panther”, ” BlacKkKlansman”, “Bohemian Rhapsody”, “If Beale Street Could Talk” режисерскиот првенец на Бредли Купер – “A Star Is Born”.

За Златен глобус во конкуренција на мјузикл и комедија се натпреваруваат “Crazy Rich Asians”, “The Favourite”, “Green Book”, “Mary Poppins Returns”, “Vice”.

Меѓу номинираните за најдобар актер во категорија драма се Бредли Купер, Вилијам Дефо, Џон Дејвид Вашингтон, Рами Малек и Лукас Хеџис. Во категоријата за актерки се номинирани Глен Клоус, Никол Кидман, Лејди Гага, Мелиша Мекартни и Росамуд Пике.

За наградата Златен глобус за најдобар режисер се надеваат Бредли Купер, Алфонсо Куарон, Питер Фарели, Спајк Ли и Адам Мекки.

За најдобар странски филм се номинирани “Cupernum”, “Girl”, “Never Look Away”, “ROMA” и “Soplifters”, додека во категорија тв-драмски серии се – “The Americans”,”Bodyguard”, “Homecoming”, “Killing Eve” и “Pose”.

Меѓу номинираните за тв-серија во категорија мјузикл или комедија се “Barry”, “The Good Place”, ” Kidding”, “The Kominsky Method” и “The Marvelous Mrs. Maisel”.