Објавена првата фотографија од новиот Џокер

Објавена првата фотографија од новиот Џокер

Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата слика од Хоакин Феникс како Џокерот од приказните за Бетмен.

Во тек е снимањето на нискобуџетен филм за (не)славниот стрип лик. И, веднаш се забележува дека антихероројот се обработува од сосем друг агол. На лицето на Феникс нема ни трага тешка шминка, на пример – бела подлога, црн молив за очи и кармин којшто ја оцртува морничавата насмевка, типична за неговите претходници – Џек Николсон, Џаред Лето и Хит Леџер.

View this post on Instagram

Arthur.

A post shared by Todd Phillips (@toddphillips1) on

Со натписот „Артур” под сликата, Филипс, се чини, ги потврдува гласините дека вистинското име на антагонистот ќе биде Артур Флек и дека приказната е психолошка анализа на неговиот живот додека бил стенд-ап комичар во потрага по „тезга“, и што го претворило во негативец.

Тод Филипс го напиша и сценариото, заедно со Скот Силвер. Во другите улоги се појавуваат Роберт де Ниро, Франсис Конрој, Марк Марон и Зази Бик. Премиерата на „Џокер” е предвидена за 4 октомври 2019 година.