Oбјавен календарот на трки за 2021 година за Formula 1

Oбјавен календарот на трки за 2021 година за Formula 1

Традиционално, отворањето на сезоната ќе се случи во Австралија. Стартот на сезоната е закажан за 21 март.

Бахреин е закажан веднаш по првата трка во сезоната, а првата европска трка треба да се одржи на почетокот на мај во Шпанија, освен ако Виетнам не биде заменет со некоја од европските патеки кои моментално ги нема на календарот (се шпекулира дека се води битка помеѓу Италија – Имола, Португалија – Портимао и Турција – Истанбул парк).

„Заминувањето“ од Европа ќе се случи со трката во Канада закажана помеѓу Баку и Пол Рикард, за потоа да следат европските класици – Ред Бул Ринг, Силверстоун, Хунгароринг, Спа-Франкошамп, Зандворт и Монца. Трите трки (Белгија, Холандија, Италија) треба да го сочинуваат првиот од двата „тројни програми“ или три недели без пауза.

Две недели подоцна, нè чека уште една таква серија – Русија, Сингапур и Јапонија, а потоа Formula  1 караванот се „преместува“ на двата американски континента. Прво е ГН на САД, потоа ќе ја гледаме трката на автодромот Херманос Родригез во Мексико, а потоа и Интерлагос што може и да се промени бидејќи властите сакаат трката за ГН на Бразил да се одржи во друг град.

Претпоследната трка од сезоната треба да се одржи во Саудиска Арабија, а крајот на сезоната веќе традиционално ќе се следи во Абу Даби на 5 декември 2021 година.