Обама и принцот Хари се дружеа гледајќи ги игрите Инвиктус!

Обама и принцот Хари се дружеа гледајќи ги игрите Инвиктус!

Последниве неколку дена се одржаа игрите на Инвиктус во Торонто, каде поранешниот американски претседател, Барак Обама му се придружи на британскиот принц Хари во претпоследниот ден од игрите.  

Поранешниот претседател на САД и принцот го посетија американскиот кошаркарски тим на инвалидски колички, сите поранешни американски службеници, непосредно пред нивниот натпревар против Франција.

Потоа, тие двајцата, во придружба на поранешниот потпретседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, го гледаа натпреварот.
Игрите Инвиктус – за повредени лица и службеници – беше формиран од принцот Хари во 2014 година.