Оаза покрај мртвото море

Оаза покрај мртвото море

Сместена во опкружување кое изгледа како да е надвор од овој свет, во близина на јорданската страна на Мртвото море, оваа луксузна оаза е местото од вашите соништа…

Се наоѓа на 264 метри под нивото на морето, „Evaston Ma’In Hont Springs“ оазата делува како рајска градина која е магично место во ова опкружување.

Овој ресорт има 97 пространи, елегантни и добро опремени апартмани, од кои сите нудат сликовити погледи на планините и долината кои го опкружуваат ова место.

Опциите за јадење исто така се врвни, односно го претставуваат она најдоброто што Јордан може да го понуди, како и арапската и интернационалната префинета кујна.

Од „Panorama“ ресторанот кој се наоѓа на врв на карпа и има поглед на Мртвото море, преку винскиот подрум совршен за оние кои сакаат да дегустираат ексклузивни вина и разни видови на сирења, до „At the Springs“, официјалниот ресторан на овој ресорт кој има поглед на водопадот, овде секој ќе пронајде нешто што совршено му одговара.

„Six Sense Spa“ центарот, кој е сместен под природниот водопад е оаза внатре во оазата. Има 10 соби за третмани и парна печка, а претставува олицетворение на супериорна приватност, комфор и релаксација.