“The Nun” хорор филм кој ќе ви влее страв во коски

“The Nun” хорор филм кој ќе ви влее страв во коски

Првиот трејлер за хорор филмот “The Nun” конечно е претставен на јавноста и е базиран на морничавиот “The Conjuring” и изгледа многу страшно.

“Кога млада калуѓерка во манастирска опатија во Романија ќе изврши самоубиство, Ватикан испраќа свештеник со мрачно минато да ја истражи нејзината смрт”, стои во описот на филмот кој веќе вознемири многумина, судејќи според коментарите на социјалните мрежи.

“Сакам, но истовремено и не сакам да го гледам овој филм”, “Едвај чекам”, “Најстрашен филм за 2018 година”, “Конечно вистински хорор”, се само дел од коментарите на трејлерот.