Новото милениче на Карлеуша кое чини 150.000 евра

Да не остане покусо како и секогаш, така и сега откако Дара Бубамара се пофали дека има нов автомобил, истото го направи и Јелена Карлеуша.

Таа објави фотографии со автомобил кој чини 150.000 евра и кој совршено одговара на црниот коктел фустан што го носи.

Сепак, не се знае дали автомобилот го купила самата, дали ѝ е подарок од сопругот или Карлеуша го искористила само за да се слика покрај него.