Новото Audi TT RS зa 2019-та

Новото Audi TT RS зa 2019-та

Audi ги претстави редизајнираните „TT RS Coupe“ и „Roadster“.

Најмоќните „TT“ модели претрпеа помали стилски модификации, напред и позади, вклучувајќи ги и отворите за воздух и новото, фиксирано задно крило.

Редизајнираниот „Audi TT RS“ сега стандардно е опремен со „LED“ фарови, а купувачите ќе можат да изберат некоја од осумте бои на надворешноста, меѓу кои се и новите „Pulse Orange“ и „Turbo Blue“.

На располагање исто така се и изборни стилски пакети со сјајн-црни или детли во мат-алиуминиум.

Редизајнираните „TT RS“ имаат во понудата и изборен „MMI Navigation Plus“ мултимедијален систем со гласовни команди и „Wi-Fi“ пристап за мобилните уред на возачот и сувозачот.

Смартфонот со мултимедијата се поврзува со „USB“ приклучок, а меѓу изборните опции е и премиум аудио-системот „Bang & Olufsen“ со 680 вати.

Агрегат остана непроменет во однос на моделот пред редизајнот, па „TT RS“ и натаму добива погон од петцилиндарскиот 2,5-литарски „TFSI“ турбо бензинец со 400 ks (294 kW) и 480 Nm.

Моќта на сите 4 тркала се пренесува со помош на 7-брзинскиот автоматски менувач со двојно квачило и „quattro“ погон.

Забрзувањетo од 0 дo 100 km/h се реализира за само 3,7 секунди, додека максималната брзина фабрички е ограничена на 250 km/h, со опција лимитот да се зголеми на 280 km/h.

Продажбата во Европа почнува денеска (7-ми февруари), а почетната цена на „Coupe“ верзијата во Германија е 67.700 eвра, додека за „Roadster“ верзијата е потребно да се одвојат 70.500 eвра.

Првите испораки се планирани за текот на пролетта, а официјалната премиера на „Audi TT RS“ зa 2019-та ќе се оддржи во март на саемот за автомобили во Женева.