Познато името на новороденото кралско бебе

Познато името на новороденото кралско бебе

Кралицата Елизабета II го запозна својот осми правнук.

Кратко време откако го претставија пред јавноста, Меган Маркл и принцот Хари го одведоа новороденото синче кај Кралицата, каде беа присутни и принцот Филип и мајката на Меган, Дорија.

На фотографијата од средбата, војвотката од Сасекс го држи во прегратка малиот син кој се роди пред два дена, а останатите членови на семејството милно го гледаат.

Младиот кралски пар откри дека нивното синче го доби името Арчи Харисон Моунтбатен-Виндзор.