НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ ВО РАМСТОР МОЛ

НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ ВО РАМСТОР МОЛ

Скопје, 02.12.2019 – Традиционално, како и секоја година, 11-ти пат Рамстор Мол во соработка со Црвен Крст на град Скопје по повод новогодишните празници организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства.

“Новогодишната елка на желби” е настан кој има за цел да донесе насмевки на лицата кај дечињата и да им ги направи новогодишните празници уште поубави и посреќни.

Денеска, дечињата ги напишаа своите новогодишни желби на листови кои се во форма на лампиони, со што елката во Рамстор Мол ќе ја направат навистина посебна и магична.

Сите посетители на Рамстор Мол ќе можат да изберат еден или повеќе лампиони од елката со што ќе учествуваат во исполнувањето на детските желби и ќе го купат посакуваниот подарок, а со тоа ќе подарат насмевка на детските лица, а верувајте ни, нема поубав подарок за секој од нас од искрена насмевка кај децата.

Акцијата ќе трае од 02.12.2019  до 28.12.2019 година, а на 30.12.2019 дечињата ќе ги добијат своите подароци.