Ново реално шоу со семејството Кардашијан

Ново реално шоу со семејството Кардашијан

Новото реално шоу кое ќе се вика „Кирби Џенер“ на малите екрани ќе се најде дури следната година.

Покрај Кендал во него ќе се најде и момчето чое име е Кирби, кои многумина го нарекуваат нејзин близнак.

Иако, тие не се во никакво крвно сродство, нив двајцата ги поврзуваат по интересната идеја на Кирби, која му овозможи да се најде во центарот на вниманието. Имено, тој често правеше успешни фотомонтажи, па така тој се фотошопираше покрај многу познати личности, па и покрај манекенката.

Идејата за поткренување на оваа забавна програма била на Крис Џенер, позната како некој кој умее да препознае добра инвестиција.