Новите Huawei FreeBuds 3 слушалки

Новите Huawei FreeBuds 3 слушалки

Веќе неколку години кај смартфоните се тренд и добрата аудио опрема и производството на безжични Bluetooth слушалки.

Huawei FreeBuds 3 се одлични слушалки со жива црвена боја, црна и бела боја. Huawei овде очигледно посветил големо внимание на дизајнот и самото пакување, дизајнот на слушалките и кутијата за полнење.

Huawei го претстави FreeBuds 3 со црна, бела и црвена боја. Црвената стана подоцна достапна, која ги има истите перформанси како и другите две бои. Црвените дефинитивни подобро изгледаат.

На прв поглед се исти како Apple AirPods слушалките, но само на прв поглед. Huawei сепак се одлучил за кружен дизајн на кутијата за полнење, која повеќе изгледа како макарон колаче, отколку како некој технолошки уред. Отварањето и затварањето на кутијата е многу едноставно и практично. После вадењето од кутијата е потребно да се вклучат самите слушалки со помош на дискретно сместеното копче од задната страна на кутијата за полнење. После вклучувањето, треба да го упарите FreeBuds3 со мобилниот телефон, за што ви е потребна апликацијата Huawei AI Life.

Самите слушалки се направени од многу мазна пластика, што од една страна е добро и не го иритира увото, но од друга може да се случи да се излизгаат кога ги вадите.Корисниците со поголеми прсти ќе имаат мали потешкотии за вадење на слушалките од кутијата, но со текот на времето ќе ја развијат техниката. Тоа е слатки маки.Слушалките на крајот имаат метален дел што служи за контакт при полнењето, но овозможува и дополнителен елегантен дизајн.Многу се удобни и траат долго време. Совршено се вклопуваат со дизајнот на увото и не се мрдаат воопшто доколку имате физички активности. Нормално, оние што имаат голема ушна школка може да се пожалат дека брзо излегуваат, додека на оние со помала ушна школка ќе им бидат поудобни.

Телефоните на Huawei имаат можност за слушање музика спремна точно за FreeBuds 3 преку апликацијата Music. FreeBuds 3 се компатибилни со било кој Android и iPhone телефон, не само со Huawei.