Новиот Xiaomi Mi Watch Color

Новиот Xiaomi Mi Watch Color

Xiaomi мината недела го претстави новиот смарт часовник Xiaomi Mi Watch Color кој има дисплеј во кружна форма и огромен избор на бои на ременчињата и самото тело, различни стилови за спортски и елегантни типови, но дури сега ја откри неговата цена.

Xiaomi Mi Watch Color ќе се продава за цена од околу 100 евра со 1.39 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 454 x 454 пиксели, има избор од 110 различни теми за приказ на часовникот, водоотпорен е на длабочина од 50 метри, има батерија со капацитет од 420 mAh која со едно полнење трае две недели и има GPS, NFC, Wi-Fi и Bluetooh 5.0 конекции.

Смарт часовникот Xiaomi Mi Watch Color исто така нуди голем број на сензори за следење на виталните функции, фитнес активности и следење на квалитетот на спиењето.