Новиот „Tesla Roadster“ ќе го одзема здивот

Новиот „Tesla Roadster“ ќе го одзема здивот

Новиот „Tesla Roadster“ ќе се појави дури во 2020-та, најрано, но филмскиот режисер „The Yazuki“ претстави дигитална верзија од овој преубав автомобил.

Според фабричките податоци, „Tesla Roadster“ ќе има батериско пакување од 200 kWh кое ќе му овозможи автономија од речиси 1.000 km.

„Roadster“ ќе забрзува од место до 100 km/h за 1,9 секунди, додека четврт милја ќе минува за 8,8 секунди, додека максималната брзина ќе изнесува преку 400 km/h.

Во „Roadster“ ќе може да седнат четири лица, ќе има погон на сите четири тркала од кои два мотори ќе ја придвижуваат предната, а еден е за задната осовина.

Почетната цена е 200.000 долари, а резервацијата за еден примерок е 50.000 долари.