Новиот смарт Ајфон ќе може да се користи и под вода?

Новиот смарт Ајфон ќе може да се користи и под вода?

Голем број на паметни телефони веќе се отпорни на вода, но тоа не значи дека истите можеме да ги користиме под вода.

Имено, актуелните понови верзии на паметниот телефон на Apple веќе се водоотпорни, но сепак е премногу тешко да се користи екранот додека е под вода, или пак додека врз екранот врне дожд. Новата генерација на Ајфон би можела да го промени тоа.

Како што на Твитер тврди Макс Вајнбах од “XDA Developers”, новиот Ајфон кој би требало да биде претставен во септември оваа година, ќе поседува екран кој ќе функционира нормално дури и кога е под вода.

Вајнбах тврди дека Apple веќе има развиено патент за целосно функционален, односно екран чувствителен на допир во услови кога е под вода и тоа конечно ќе го употреби кај новиот Ајфон 11 кој ќе биде претставен во септември.

Засега не е познато од каде ја добил оваа информација, но “XDA Developers” често знаат да откријат точни детали и неколку месеци пред официјалното претставување на одреден производ на најголемите технолошки компании.

Инаку, “Tech Radar” пренесува дека досега е „познато“ дека Ајфон 11 ќе има три камери на задната страна, мал “notch” на горната страна од екранот и најверојатно нема да поддржува бежично полнење.