Новиот Samsung Galaxy S20

Новиот Samsung Galaxy S20

Samsung наскоро ќе го претстави досега најмоќниот и најквалитетен премиум смартфон со новата серија на Samsung Galaxy S20.

Фактор ќе има ексклузивна можност дифелтно да го проследи претставувањето на новите модели на Galaxy S20 во Лондон, па затоа ви пренесуваме се што треба да знаете пред самата промоција.

Samsung годинава направи скок на генерации и од Samsung Galaxy S10 лани, годинава директно се префрли на Samsung Galaxy S20 што значи дека подготвува вистински шампион со голем напредок во сите категории, особено во камерата, процесорот и мултитаскингот.

Samsung ќе претстави најмалку три модели од кои стандардната верзија на Samsung Galaxy S20, потоа Galaxy S20 Plus и за прв пат ќе биде лансиран супер моќен и напреден Samsung Galaxy S20 Ultra. Сите три модели ќе работат со најмоќниот и најсовршениот мобилен процесор досега Snapdragon 865 и ќе имаат по 12 GB RAM со најмалку 256 GB основна вградена меморија.

Во поглед на камерата сите модели на Galaxy S20 на задната страна ќе имаат по повеќе сензори од кои примарниот ISOCELL Bright HMX сензор кај Ultra верзијата ќе има рекордни 108 мегапиксели.

Заедно со новите телефони на Samsung доаѓаат и новите слушалки Samsung Galaxy Buds Plus кои ќе имаат голем скок во однос на издржливоста на батеријата како и квалитетот на звукот.

Триото на Samsung Galaxy S20 најверојатно ќе биде придружено од ексклузивниот и иновативен смартфон со двоен флексибилен екран на преклоп Samsung Galaxy Z Flip. Овој уред не е наследник на пионерот Samsung Galaxy Fold туку ќе има различен механизам на склопување кој ќе биде поедноставен и ќе чини двојно поевтино, односно околу 1000 евра.

Стандардните модели на Samsung Galaxy S20с бидат претставени на 11 февруари, а испораката за тие кои први ќе ги порачаат ќе се реализира на самиот почеток на март. Почетната цена на Samsung Galaxy S20 ќе изнесува околу 800 евра.

Наскоро ќе ви ги претставиме одблиску сите можности и потенцијали со кои располагаат Samsung Galaxy S20 моделите одблиску за да видите кој од нив е вистинскиот избор за вас.