Новиот модел на Toyota, Yaris Cross

Новиот модел на Toyota, Yaris Cross

Toyota новиот модел го претстави преку интернет.

Станува збор за моделот Yaris Cross кој ќе биде најмалиот SUV во понудата на јапонскиот прозиводите. Се базира на TNGA-GA-B платформата, а должината изнесува 4.180 мм. Широчината изнесува 1.765 мм, вкупната висина 1.560 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.560 мм.Дизајнот е инспириран од Yaris, а значителна измена има во предниот дел. Воочлив е и зголемениот клиренс како и заштитните странични пластики. Внатрешноста пак е во целост идентична како и кај оснвниот модел на Yaris.

Yaris Cross ќе биде достапен со истите мотори како и најновата генерација од моделот Yaris. Централно место зазема 1,5 литарскиот бензински моотор кој доаѓа со хибриден погон. При тоа максималната моќност изнесува 116 КС. Достапен ќе биде и со погон на две и сите четири тркала.

Производството стартува во втората половина од годината, а ќе се спроведува во фабриката во близина на францускиот град Валенсиенс, а се очекува годишно производство од околу 150.000 примероци. Цената не е сеуште позната и се очекува истата да започнува од 15.000 евра во земјите од Европската Унија.