Новиот Мис на светот е прекрасната хуманитарка Ванеса Понсе де Леон

Новиот Мис на светот е прекрасната хуманитарка Ванеса Понсе де Леон

Ванеса Понсе де Леон од Мексико е прогласена за новата Мис на светот, во натпреварот кој се одржа во Кина.

Местото на прва придружничка, во конкуренција од 118 девојки од сите страни на светот, го освои претставничката на Тајланд, а ласкавата титула ѝ ја предаде Мис на светот 2017 година, Индијката Мануши Чилар.

26-годишната убавица, прва Мексиканка која се закитила со оваа титула, дипломирала на универзитетот во Гуанајуато, а медиумите пишуваат и дека поседува диплома по човекови права. Освен тоа, таа е член на управниот одбор на рехабилитациониот центар за девојки, а се занимава и со други хуманитарни работи.

Ванеса работи и во училиштето Ненеми, каде им пружа интеркултурна едукација на децата од автохтоните племиња.

“Јас сум жена која секогаш ја бара смислата”, изјавила Понсе. “Верувам во љубов, уметност и во грижата за другите. Работам, но и сонувам и секогаш пробувам да ги насмеам луѓето кои ги запознавам”.

Неколку години, Ванеса работела и како модел, но се откажала од таа професија пред две години.

“Тоа е многу поинаква работа. Јас работам со луѓе со инвалидитет и девојки кои поминуваат низ рехабилитација и навистина уживам во тоа. Секој би требало да волонтира барем еднаш во животот”, вели Ванеса.

Прашањето на кое одговарала во текот на натпреварот било: “Како би го искористиле своето влијание како Мис на светот за да им помогнете на другите?”.

“Би ја искористила својата позиција на ист начин како што работам веќе три години – со станувањето пример. Сите можеме да бидеме пример за доброто во светот, сите мораме да се грижиме, да сакаме и да бидеме љубезни. Помагањето не е тешко. Навистина треба да го промениме светот, само мораме да излеземе. Секогаш постои некој на кого му е потребно она што вие можете да го понудите”, одговорила 26-годишната Мексиканка.