Новиот менаџер на Арсенал е Унаи Емери

Новиот менаџер на Арсенал е Унаи Емери

ББЦ вечерва објави дека нов менаџер на Арсенал е шпанскиот стручњак и довчерашен тренер на ПСЖ, Унаи Емери.

Информацијата дојде како гром од ведро небо имајќи предвид дека главен кандидат за позицијата беше Микел Артета. Неофицијално, тој побарал автономија на трансфер-пазарот што не им се допаднало на сопствениците и затоа отпаднал од конкуренција.

Поради истата причина претходно беа прекинати и преговорите со Луис Енрике.

Емери е еден од најуспешните шпански стручњаци, со Севиља освои три титули во Лигата Европа, а со ПСЖ оваа сезона ги освои сите титули во францускиот фудбал. Сепак, многумина не веруваат во него бидејќи светците не успеа да ги однесе на европскиот фудбалски врв што беше главен приоритет.