Новиот Leon Cupra

Новиот Leon Cupra

Групацијата VW подготвува вистински напад во хот хеч сегментот, но од сите производители во оваа групација, Cupra прва ја има таа чест.

Интересно, перформансите на Leon нема да бидат достапни со само еден мотор, туку ќе доаѓа во две верзии – како стандарден hot hatch или како караван со ознака Sportstourer или ST.

Што се однесува до погонот, прв во понудата е истакнат plug-in хибридниот модел. Хибридниот систем го чинат електричен мотор и 1.4-литарски турбо. Заедно, тие на возачот на располагање му ставаат 242 КС и 400 Nm. Се истакнува дека овој хибрид е во состојба да патува и до 60 километри користејќи само електрична енергија.

Конвенционалните модели се напојуваат со 2.0-литарски TSI мотор. Постојат две варијанти во понудата: пониската понуда е 242 КС и 370 Nm, а со помоќната доаѓаат 296 КС и 400 Nm.

Сепак најмоќната понуда доаѓа во форма на Cuprа ST со дури 306 КС и 400 Nm. Шпанскиот бренд соопшти дека овој караваn до 100 km/h може да забрза за помалку од 5 секунди, додека најголемата брзина била електронски ограничена на 250 km/h.

Сите модели се достапни исклучиво со 8-степен автоматски менувач DSG.