Новиот iPhone пристигнува со 25% помоќна батерија

Новиот iPhone пристигнува со 25% помоќна батерија

Причината за зголемувањето на капацитетот на батеријата е технологијата со која iPhone ќе може бежично да ги полни другите уреди.

Инсајдерите веќе подолго време најавуваат дека новата генерација на iPhone ќе има двонасочно бежично полнење, а тоа го потврди и аналитичарот Минг-Чи Куо. Тој открил извештај на добавувачи кои што ќе ја снабдат американската компанија со помоќни батерии, а тие батерии наводно ќе бидат вградени во новиот iPhone.

Според Куо, наследникот на iPhone XS ќе има од 20% до 25% помоќна батерија, додека наследникот на iPhone XS Max ќе има од 10% до 15% помоќна батерија.

Покрај тоа, Куо открива дека 6,1-инчниот модел, односно наследникот на iPhone XR ќе добие најмала надградба на батеријата која ќе изнесува околу 5% или помалку.

Сепак, сите овие информации треба да се земат со доза на резерва, иако во минатото информациите на Куо поврзани со Apple, често се покажуваа како точно.

Да потсетиме, аналитичарот Куо точно ги предвиде надоградените AirPods, новиот iPad Mini, како и паметниот часовник Apple Watch 4 кој пристигна со поголем екран.