Новиот Honor 9X Pro

Новиот Honor 9X Pro

Новиот модел  Honor 9X Pro е пуштен во продажба во Европа и веќе може да се купи во неколку земји.

Honor 9X Pro ќе има цена од околу 250 евра во зависност од земја до земја, а за тие пари нуди доста солидни перформанси со HiSilicon Kirin 810 процесор, 6,6 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, 8 GB RAM, 128 GB меморија и батерија со капацитет од 4000 mAh, без дополнително брзо полнење.

Honor 9X Pro исто така нуди тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, додека пак селфи камерата има 8 мегапиксели.