Новиот дрес на Реал Мадрид за ЛШ!

Новиот дрес на Реал Мадрид за ЛШ!

Специјализираниот портал „Footy Headlines“ на нивната страна го објави црвениот дрес на Реал Мадрид кој ќе биде обележје за „кралевите“ наредната сезона.

Споменатиот „танго“ дрес е специјално изработен со ретро елементи и играчите на Реал Мадрид ќе го носат во Лигата на шампионите како втора комбинација, а со црвениот колорит одговорните лица за маркетинг на „кралскиот клуб“ сакаат да се навратат во 70-тите години кога оваа боја беше најзастапена на дресовите на Реал.

Последен пат Реал црвен дрес имаше во сезоната 2011/12, а првичните очекувања се дека ќе има голема побарувачка за новиот црвен дрес од страна на фановите.