Новиот Bentley Bentayga

Новиот Bentley Bentayga

Кога бизнисот и луксузот ќе ги здружат силите доаѓа до фасцинантни резултати.  Луксузното спортско-корисно возило е прво од Bentley што е лансирано во рамките на новиот бизнис план, а заедно со новите Continental GT и Flying Spur даваат нов аспект на луксузот.

Пред пет години Bentayga повлече нога. Тоа беше првото спортско-корисно возило со луксузно педигре. Сакајќи да го задржи престижот Bentley пред неколку дена ја претстави темелно редизајнираната едиција на нивната идеја со што треба да располага еден луксузен кросовер. На самиот почеток ќе го споменеме моторот кој е единствен избор за сега. По архитектура е V8 и од четири литарска зафатнина и со помош на две турбини испумпува 550 кѕ и масивни 770 Nm сосема доволни за совладување на атлетски спринтови и оркански висови. Подоцна, новиот Bentayga ќе биде понуден како ефикасен хибрид и во ултимативната Speed изведба со реномираниот шест литарски W12 TSI мотор. Сепак распнатите крилја не се гордеат само со бензинското срце на стероиди. Напротив, во согласност на ориентацијата на компанијата, многу повеќе ги истакнуваат остварувањата наменети на статусниот симбол на сопствениците и нивното неизмерно уживање додека се во кабината. Комбинирајќи ги атрибутите на перформансно купе, луксузна лимузина, просторен семеен автомобил и теренец, Bentayga ја следи зацртаната патека дефинирана од претходната генерација.

Клучно за новата Bentayga е нејзиниот неверојатно динамичен изглед, кој влева инспирација од новиот јазик за дизајн на марката, воведен од третата генерација Continental GT и целосно новиот Flying Spur. Заедно, трите автомобили формираат ново семејство што се повеќе визуелно поврзани од кога било досега. Смелиот стајлинг нуди импозантно присуство во било која средина. Поголемата, наметлива решетка на ладилникот сега е исправена, додека новата, интелигентна технологија за предните светла има LED матрица е инспириран од брусен кристал. Поагресивниот преден браник ги потенцира карактеристиките на изведбаа, за прв пат се воведуваат бришачи со 22 млазници за миење на ветробранот на секој посебно.

На задниот дел, новата Bentayga претрпе голема трансформација со целосен редизајн на задните површини. Широките, поделени крила потенцираат дека станува збор за моќен автомобил со врвни перформанси. Трагата на задните тркала е зголемена за 20 mm со што се доби зголемување на динамичките возни својсва.Високо квалитетниот на Bentayga е значително ревидиран во најновиот модел. Меѓу најголемите промени се и новиот управувач, нови седишта кои сега се достапни со вентилација и во задниот дел во опцијата за изведбите со пет седишта.

Патниците во задниот дел имаат и до 100 мм повеќе простор за уживање во возењето во зависност од конфигурацијата.Најновата генерација на инфозабавен систем е интегрирана беспрекорно во дизајнот на рачно изработената централна конзола каде доминира 10,9-инчен дисплеј. Целокупниот дигитален дисплеј вклучува супер висока резолуција и динамична графика кои можат да се конфигурираат за да одговараат на преференциите на возачот. Сите овие остварувања се во служба на возачот бидејќи, како што покажа досегашната продажба од 20.000 примероци на овој рачно склопуван дијамант на тркала, повеќето купувачи го возат самите.