Новиот агент 007 ќе биде жена

Новиот агент 007 ќе биде жена

Во новиот трејлер за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, се навестува дека агентот 007 ќе биде жена.

Актерката Лашани Линч ќе биде агентот 007 додека пензионираниот Џејмс Бонд одмора на Јамајка.

Бонд е сè уште Бонд, но како 007 тој беше заменет со жена. Бонд е сексуално привлечен од новиот агент 007 и се обидува да ја заведе, но тој е збунет бидејќи неговите трикови не му одат во прилог, таа само превртува со очите и не се интересира за него. Барем не на почетокот.

Премиерата на филмот е во април 2021 година, откако неколку пати беше одложуван поради пандемијата на коронавирус.