Новиот 007 агент е жена со Афроамериканско потекло

Новиот 007 агент е жена со Афроамериканско потекло

Како што изјавија од странските медиуми, Даниел Крејг би требало да го наследи британската актерка Лашана Линч (31).

Веќе со месеци наназад се шпекулира за тоа кој ќе го наследи Даниел Крејг (51) во улога на Џејмс Бонд, а големите имиња како Идриса Елбе, Том Хидлстон, Том Харди и други, фигурирале да го наследат.

Да ве потсетиме дека британскиот актер претходно изјави дека нема повеќе ја да толкува улогата на агентот 007, а филмот кој го носи работниот наслов „25“ ќе му биде последен во кој ќе го гледаме во улогата на Џејмс Бонд.

Британските медиуми веќе зборуваат дека е најдена замена за Даниел. Како што пишуваат од „Daily Mail“, новиот агент 007 ќе биде британската Афроамериканка Лашана Линч (31).

„Постои пилот сцена кога на стартот на филмот кога М вели: „Влези 007“, влегува Лашана која е Афроамериканка, преубава жена. Неверојатен момент. Бонд сè уште е Бонд, но е заменет како агент 007“ – изјавил изворот.

Да ве потсетиме дека Лашана Линч се прослави преку остварувањето на „Капетан Марвел“ каде што ја толкуваше улогата на Марија Рембо. Исто така заедно со Даниел Крег ќе се најде во споменатиот филм на Бонд „25“ (кој моментално се снима) во кој ќе го толкува ликот на Номи.

Даниел Крејг во едно интервју изјавил дека иделно би било доколку новиот агент 007 би била жена.

„Мислам дека сите опции треба да бидат отворени за оној кој ќе ме наследи. Или онаа, зошто да не. Време е франшизата да се отвори и за жена во главна улога како и за Афроамериканците“ – изјавил Крејг.