Нови ригорозни правила на Оскарите

Нови ригорозни правила на Оскарите

Филмската Академија воведува нови правила за доделувањето и избирањето на номинациите за наградите Оскар.

Новите стандарди ќе стапат на сила во 2024-та година, така што во 2025-та година ќе учествуваат само филмови кои што задоволуваат најмалку два критериуми од наведените. Новите насоки се донесени за да се допринесе во борбата против дискриминацијата, но и рамноправноста меѓу уметниците од сите општествени групи. Се очекува со ова да се постигне разновидност, припадниците од малцинствата и жените ќе бидат позастапени, припадниците на ЛГБТИ заедницата плус луѓето со инвалидитет.

Ова се новите стандарди:
– Најмалку еден од водечките актери мора да биде припадник на позастапените етнички или расни заедници
– Најмалку 30 отсто од сите актери во споредните улоги ќе мора да бидат од тие заедници
– Приказната ќе мора да се занимава со незастапени заедници.