Нови достапни модели на Nissan

Нови достапни модели на Nissan

Nissan и нејзиниот кинески партнер Dongfeng Group најавија развој на 20 модели на електрични возила.

Овој план е дел од петгодишната инвестициска програма вредна десет милијарди долари.

„Заедничкото претпријатие оваа година ќе почне со продажба на електричниот модел Leaf и уште два електрични модели на Nissan“, изјави претседателот на ова претпријатие, кој е инаку прв човек на Dongfeng.

Уште три „достапни електрични модели“ следната година ќе бидат пуштени во продажба, нагласи тој.

На овој начин Nissan им се приклучи на глобалните автомобилски компании, како Volkswagen и General Motors, во обидите Кина да се претвори во свој иден извор на приходи, поради што се вложува милијарди долари во развојот на електрични автомобили, кои ќе го привлечат интересот на купувачите во Кина.

Од овие две компании пренесуваат дека во наредните пет години планираат развој на 40 нови модели, од кои половина се електрични и хибридни.

До 2020 година, партнерите поставиле годишна цел за продажба на 360.000 електрични и хибридни возила, односно околу 30 отсто од вкупната продажба.

Заедничкото претпријатие има за цел годишната продажба да ја зголеми за милион единици на 2.6 милиони до 2020 година.