Нови детали за Huawei P20 Lite!

Нови детали за Huawei P20 Lite!

Иван Блас на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави фотографии со кои што го откри изгледот на новите телефони на Huawei – P20 и P20 Lite.

Покрај тоа, објавени се и некои детали околу спецификациите на моделот P20 Lite.

Од “Engadget” дошле до посед на каталогот на компанијата Vodafone на кој што се испишани спецификациите на паметниот телефон Huawei P20 Lite. Може да се види дека новиот телефон на кинескиот производител користи оперативен систем Андроид 8.0, потоа има 5,84-инчен екран, 4 GB RAM, 64 GB интерна меморија и батерија со капацитет од 3.000 mAh.

Исто така, на задната страна од телефонот се сместени две камери – едната со резолуција од 16, а другата со 2 мегапиксели, додека на предната страна од телефонот е сместена камера од 16 мегапиксели.

Покрај тоа, на задната страна ќе биде сместен и сензорот за отпечатоци на прсти, а на “notch”-от на предната страна ќе биде сместена камерата. Телефонот ќе биде достапен во црна и сина боја и ќе се продава по цена од 369 евра.

Кинеската компанија Huawei ќе ги претстави новите P20 и P20 Lite на евентот кој што е закажан на 27-ми март.