Нови банкноти од 100 и 200 евра

Нови банкноти од 100 и 200 евра

Вчера во Франкфурт беа претставени новите банкноти од европската серија, кои ќе бидат пуштени во промет на 28 мај 2019 година.

Како што е објаснето на страницата на Европската централна банка, новите банкноти се воведуваат бидејќи имаат подобри безбедносни карактеристики „благодарение на што банкнотите ќе продолжат да бидат сигурни, а довербата на јавноста во валутата ќе се задржи”.

Исто така, новите евробанкноти ќе бидат потрајни од оние од првата серија. Тоа значи дека овие банкноти треба поретко да се заменуваат со што ќе се намалат трошоците и негативното влијание врз животната средина. Ова е важно, особено за банкнотите од 5 и 10 евра, кои почесто од другите банкноти одат од рака на рака.