Новата SEAT Arona добитник на престижната награда Red Dot Award: Product Design 2018

Новата SEAT Arona добитник на престижната награда Red Dot Award: Product Design 2018
  • SEAT Arona се издвојува благодарение на компактните димензии на кросоверите, надворешниот дизајн, пространиот ентериер и повеќекратните опции за прилагодување
  • Red Dot Award една од најпрестижните награди за дизајн во светот, која особено ги цени вредностите бара квалитет и иновации
  • Оваа награда покажува дека SEAT успеа во својата цел да произведе млад и свеж изглед со авантуристички и избалансиран дизајн
  • SEAT Arona ги зголемува резултатите: продадени се повеќе од 25.000 автомобили

SEAT Arona на престижниот натпревар за дизајн “Red Dot Award“ е наградена со признанието за најдобар дизајн на производ во 2018 година. Оваа награда го нагласува свежиот, динамичен и робустен дизајн кој што го нуди SEAT Arona. Нејзиниот надворешен и внатрешен дизајн, како и опциите за персонализација беа клучните фактори во изборот за SEAT Arona да ја освои наградата Best Design Product 2018.

Од 1954 година, “Red Dot Аward’ е еден од најпрестижните натпревари за дизајн во светот кое дава меѓународно признание за квалитетот и иновативност. Згора на тоа, категоријата Product Design важи за една од најважните награди на натпреварот. Жирито на The Red Dot Award: Product Design е составено од 40 експерти од целиот свет, кои не смеат да бидат дел од било кое индустриско производство, ниту пак смеат да учествуваат во гласањето за оние производи во кои тие биле вклучени и работеле на тие проекти.

Новата SEAT Arona особено отскокнува благодарение на нејзините компактни мерки, динамичното однесување кое е идеално за пргавите градски улици, возењето по автопатите или некаде во природа далеку од градскиот метеж. Неговото неверојатно лесно и безбедно возење благодарение на применетата технологија и големата удобност го прават ова агилното градско возило во теренски стил идеално за сите услови. Сето ова се издвојува дури и на прв поглед благодарение на неговиот возбудлив дизајн.

Ние сме многу задоволни што успеавме да ја добиеме една од најпрестижните дизајнерски награди во светот. Сакавме да понудиме кросовер за секојдневниот живот во урбаната џунгла. SEAT Arona e токму тоа, рече директорот за дизајн на SEAT Алехандро МесонероРоманос кој додава – SEAT Arona е уште еден пример за свеж, млад, функционален, авантуристички и удобен дизајн”.

SEAT Arona е лесно препознатлива со вистинскиот SEAT дизајн благодарение на своите одлично изразени LED светла. Предната страна на Arona ја следи истата структура на тродимензионален изглед како Ateca. На задната страна од автомобилот посебно е креиран простор за регистарска табличка кој овозможува кохезивен дизајн на браникот и визуелното го поткрева автомобилот. Кровот, како и кровните носачи доаѓаат со деталите кои ја наговестуваат естетиката на теренските возила. Многу од заедничките аспекти со новиот дизајнерски јазик беа неодамна прикажани на автомобилите на SEAT.

Без сомнеж, Arona има карактер. Ова е јасно забележано во внатрешноста, која се истакнува не само во хоризонталните пропорции кои ја нагласуваат и зголемуваат големината на автомобилот, давајќи уште поголемо чувство на простор, но и зголемена софистицираност.

Концептот “High Console“ ја истакнува централната конзола, што влијае на сигурноста и ергономијата, бидејќи секој елемент е поставен така да возачот при возењето не мора да го оттргне вниманието од патот. Посебно внимание е посветено на возачкото седиште, а  сите инструменти се насочени кон возачот.

Комфорните седишта овозможуваат сигурност за патниците. Ткаенините и боите на седиштата се ексклузивно изработени за новата SEAT Arona со многу можности за персонализација. Централната конзола, на пример, може да биде опремена така да одговара на контролната табла.

Во таа смисла, можноста за прилагодување на Arona е многу важна. Денешниот купувач очекува да може да го прилагоди својот автомобил во склад со своите барања и свој стил.

Успехот на Arona е веќе изразито забележан и за нешто повеќе од три месеци се испорачани повеќе од 25.000 единици од овој кросовер. До крајот на годината, SEAT ќе лансира и Arona TG, кој ќе биде прв SUV опремен со мотор на природен гас.