Новата Kia Niro EV

Новата Kia Niro EV

По неколку неделните најави конечно на сцената се појави „Kia Niro EV“.

Електричниот кросовер кој е адут на јужнокорејскиот производител претставен во градот Бусан.

„Niro EV“ пристигнува во две верзии со две батерии од 39,2 kWh и 64 kWh.

Помалата има домет од околу 240 km, a поголемата од 380 km која се полни до 80% капацитет за помалку од еден час.

За погон е задолжен електромотор од 204 KS и 395 Nm вртежен момент, а од место до „стотка“ оваа верзија на „Nirо EV“  забрзува за 7,8 секунди.

Батериите се наоѓаат под багажниот дел на автомобилот што на „Nirо EV“ му овозможува максимална стабилност и удобност при возњето, како кај седан или хечбек автомобилите.

„Kia“ веќе има 5.000 резервации за „Niro EV“ во Кореја, каде што и прво ќе се најде во продажба.

Покрај „Nirо EV“, „Kia“ во Бусан имаше светска премиера и на „SP Koncept“ и „Stinger GT Wide Body“.