Новата генерација на најпосакуваниот ŠKODA Octavia семеен автомобил е тука

Новата генерација на најпосакуваниот ŠKODA Octavia семеен автомобил е тука

Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот.

Секој производ или услуга што ги нудиме целат кон тоа да предизвикаат пеперутки во нашиот стомак, да го инспирираат умот и да го убедат срцето. Во склоп на целиот наш опсег на модели, еден исклучително ја постигнува оваа цел веќе цели 60 години. ŠKODA Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд . Големиот број на клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари.

Добредојдовте во комплетно новата генерација на ŠKODA Octavia. Надворешниот дел е комплетно нов, со многу детали кои непогрешливо говорат – Škoda. Со должина од 4,689 мм и ширина од 1,829мм, новата генерација е подолга за 19мм и поширока за 15мм, додека сега, меѓуоскиното растојание изнесува 2,686мм. Оваа разлика во димензии е евидентна во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците.

Надворешност

Дизајнот на надворешноста пресликува типична, но сепак многу елегантна ŠKODA. Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник.

Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гаснење на лед диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED светла.

Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. Торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.

На задниот дел, се истакнуваат гордо испишаните букви ŠKODA на средина на задната врата од багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри.

Задните светла се составени од бројни индивидуални LED диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.

Внатрешност

Дизајнот на внатрешноста е целосно променета. Пред вас е воланот со два краци и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic – кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation – со кој на целиот 10 инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance – кој нуди детални информации за сите системи. Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.

На централната конзола се наоѓа 10 инчен инфозабавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, ŠKODA виртуелен асистент.

Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа.

Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство.

Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB приклучоци.

Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.

Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта.

Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг тикет на ветробранското стакло.

Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1740 литри.

Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина, додека багажната врата се отвора електронски.

Безбедност

Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.

Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.

Мотори

Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 коњски сили.

Дизел верзиите, сега емитуваат 80% помалку NOx гасови од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на 2 литарскиот дизел мотор изнесува 150 коњски сили.

Новата генерација на ŠKODA Octavia најголемата, најудобна и најбезбедна досега, а со тоа сигурно ги надминува сите очекувања. Според многумина идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.