Новак Ѓоковиќ му посака брзо опоравување на ривалот Надал

Новак Ѓоковиќ му посака брзо опоравување на ривалот Надал

Српскиот тениски ас, освен тоа што е врвен спортист уште еднаш докажа дека е пред се голем човек.

Нешто што е вистнска реткост меѓу врвните спортисти е непознаница за Ноле. Тој има одличен однос со најголемите ривали, па не зачудува неговиот последен гест во кој на Рафаел Надал преку социјалните мрежи му посакува брзо опоравување.

„Ти испраќам желби и надеж за брзо опоравување после операцијата пријателе“ – напиша Новак Ѓоковиќ на својот профил на Твитер.