Нова тренд боја која ќе доминира во ентериерите годинава

Нова тренд боја која ќе доминира во ентериерите годинава

“Millennial Pink” полека заминува во минатото – пристигна времето на доминација на нијансата “Black Flame”.

“Black Flame” или “Black Indigo” е боја за коса која оправдано се претпоставува дека ќе биде една од најпопуларните бои оваа година. Станува збор за многу темна нијанса на сина боја, која речиси преминува во црна, но се одликува со потопла, поблага и покомплексна нота.

Доколку се прашувате како една ваква несекојдневна нијанса може да прилега во домот, одговорот ќе го најдете во продолжение.

Имено, спротивно на мислењето на многумина, темните бои во ентериерот не треба да се избегнуваат.

На пример, можете да обоите еден ѕид или два во просторијата или само еден столб доколку сакате да бидете внимателни. Поиграјте си со мебелот и набавете ги оние кои ќе одговараат на новата боја на вашите ѕидови.