Нова социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрени!

Нова социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрени!

Веро е социјална мрежа која постои од 2015-та година, но оваа година за прв пат привлече поголемо внимание. Според рекламната кампања, на оваа апликација можете да објавувате што сакате и да испраќате што сакате без да ви се појавуваат здодевните огласи и реклами.

Апликацијата е горда на тоа што во време на брзо и површно комуницирање преку Интернет ни овозможува конечно да бидеме искрени. Токму одовде настанало и нејзиното име кое потекнува од јазикот есперанто и значи „вистина“. Целта на апликацијата е да се однесувате на Интернет онака како што се однесувате и во приватниот живот. Мотото на компанијата е „Помалку социјални мрежи, повеќе социјален живот“.

 Па, која е разликата помеѓу Веро и останатите социјални мрежи? Една од предностите е тоа што објавите на Веро се подредени хронолошки, за разлика од Инстаграм и Фејсбук кои не го овозможуваат ова и покрај поплаките на корисниците. Покрај тоа, апликацијата многу наликува на Инстаграм и најголемата разлика е тоа што позадината е црна.

Најпозитивната страна на Веро е можноста да споделувате поголем спектар на содржини. Покрај фотографиите, можете да ги споделите омилените книги, музика, линкови, филмови, како и местата што сте ги посетиле. Можеби апликацијата би имала светла иднина ако корисниците сакаат да плаќаат годишен надоместок за користење. Но ако сега направите профил и ако сте помеѓу првите милион корисници, би добиле доживотно бесплатно користење на апликацијата.

Дали е ова маркетиншки трик, или навистина ќе треба да плаќаме за споделување на фотографии? Покрај тоа, ова е одлична прилика за уметниците кои сакаат да се изразат онлајн без да им пречат огласите, но ќе им се наплаќа дополнително ако сакаат професионално да се промовираат. Слично на ова, компанијата ќе нуди и можност за плаќање за опцијата „Купи веднаш“ преку која потрошувачите ќе добијат надворешни линкови за купување.

Иако многумина го критикуваат моделот на Веро кој се заснова на претплата, можеби токму таа претплата ќе биде основа за оние кои сакаат да се промовираат и да ја наплатат својата услуга. Ќе споделуваат фотографии и ќе се надеваат дека нивните следбеници ќе кликнат на линкот под фотографијата на кој ќе се наоѓа нивниот производ. А ова е случај и кај социјалните мрежи со најмногу корисници – Инстаграм и Фејсбук.

Без разлика на сличностите и разликите, предностите и недостатоците, сè уште е неизвесно дали луѓето масовно ќе се преселат од Инстаграм на Веро. Но бидејќи компанијата ја засили својата маркетиншка кампања во 2018-та година, останува да видиме.