Нова песна на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти

Нова песна на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти

Најголемата италијанска поп ѕвезда Ерос Рамацоти, чиј концерт во Скопје е закажан на 30-ти септември во ВИП Арената, го промовираше својот нов сингл „Siamo“ (Ние сме), четвртиот сингл од актуелниот албум „Vita ce n’e“.

Големиот романтичар оваа песна ја напиша за љубовта на својот живот, сопругата Марик Пелегринели.

После успехот на насловната нумера „Vita ce n’e“, кој ја напишал уште еден италијански великан Џованоти, потоа и светскиот хит со Луис Фонси „Per le strade una canzone“ и преубавата балада „In Primo Piano“, Ерос сега издвоил уште една нумера за која е посебно емотивно поврзан.

Со Марик почнал да се забавува во 2009-та година, а тајно се венчале пет години подоцна. Круната на нивната љубов се двете деца.

Новиот четиринаесетти студиски албум на Ерос Рамацоти, објавен во ноември 2018-та веќе го достигнал посакуваниот тираж. Ќе го промовира на турнејата во која ќе обиколи 30-тина земји на пет континенти, а ќе оддржи повеќе од 90 концерти.