Нова дестинација за Јоветиќ е Рома!?

Нова дестинација за Јоветиќ е Рома!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Монако се подготвува за продажба на 29-годишниот фудбалер, а негова нова можна дестинација е Рома.

Се шпекулира дека Патрик Шик би можел да го напушти Олимпико во јануари, а на негово место би можел да пристигне Стеван Јоветиќ.

Инаку, спортскиот директор на Рома, Мончи во 2017-та година го доведе Јоветиќ во Севиља на позајмица од Интер додека беше спортски директор на шпанскиот клуб. Набрзо потоа Интер го продаде Црногорецот на Монако за 10.5 милиони евра.

Доколку Рома навистина го доведе Јоветиќ, тој повторно ќе заигра со својот поранешен клубски колега од редовите на Манчестер Сити – Един Џеко.