Нов трик за вадење на дамки од шминка

Колку пати ви се случило додека се спремате набрзина да ја исфлекате својата облека со пудра или руменило и поради тоа во последен момент морате да се преслекувате?

Кога сте во брзање, последно што сакате да го направите е да ја исфлекате облеката која толку внимателно сте ја одбрале – затоа денес ви го претставуваме трикот кој го користи Ким Кардашијан во вакви ситуации.

Во отсранување на дамките од шминка од облеката, може да ви помогне обична пена за бриење. Нанесете ја на дамката и исперете го со вода. А доколку тоа не успее, во кремата за бриење додадете неколку капки алкохол – советува Ким.

Таа тврди дека и дамка од дезодоранс најлесно можете да ја извадите со сунџер за шминка, со малку вода.