Нов предизвик од Мајкрософт,таблет со екран на задната страна!

Нов предизвик од Мајкрософт,таблет со екран на задната страна!

Мајкрософт неодамна патентирале уред кој што наликува на таблет, но за разлика од останатите таблети, има уште еден дисплеј сместен на задната страна од уредот.

Екранот на задната страна би бил секундарен, а можеби би можел да се користи и како примарен екран. Кога ќе се погледнат илустрациите, може да се заклучи дека станува збор за “Surface” таблетот со приклучена тастатура.

Новиот екран има повеќе слоеви, но се чини дека „тоне“ во внатрешноста, а исто така и светло селективно се емитува на дисплејот. Се претпоставува дека дополнителниот дисплеј би бил чувствителен на допир и ќе може да се користи за грубо дигитално скицирање.

Сепак, тоа што од Мајкрософт го патентирале овој концепт, не значи дека со сигурност ќе го здогледа светлото на денот, посебно поради тоа што функцијата на секундарниот екран се уште не е целосно јасна.

Покрај тоа, треба да се истакне дека од Мајкрософт неодамна ги унапредија “Surface” уредите, па тоа е уште една причина поради која наведува на тоа дека за оваа технологија најверојатно ќе треба да почекаме уште некое време.