Нов освежителен десерт – Киви коцки

Нов освежителен десерт – Киви коцки

Новиот летен здрав десерт кој стана хит низ светот.

Потребни состојки:

  • 300гр бисквити
  • 0,5л млеко (плус малку млеко за потопување)
  • 5 лажици брашно
  • 100гр шеќер
  • ванилин шеќер
  • 150гр маргарин
  • 4 киви
  • шлаг

Начин на подготовка:

Изматете го брашното со малку млеко. Во остатокот од млекото додадете шеќер и ванилин шеќер, па ставете да зоврие. Сварете пудинг. Пенасто изматете маргарин, додадете лажица по лажица од оладениот пудинг со постојано мешање. Половината од бисквитите потопете ги во млеко и рендајте на тацна. Преку бисквитите намачкајте половина од филот, а преку наредете две киви исечени на кругови. Премачкајте со другата половина од филот, па наредете бисквити  натопени во млеко. На крајот изматете шлаг и со него премачкајте го целиот колач. Кога ќе омекне, исечете го на коцки, па на секоја коцка ставете ги на кругови исечени останатите киви.