Нов изум,безбеден водороден автомобил

Нов изум,безбеден водороден автомобил

Релативно нова компанија за автомобили од Велс, наречена Riversimple, тврди дека изработила технолошки најсовршен и што е најважно најбезбеден автомобил на водород.

Автомобилот кој сеуште е во развојна фаза се нарекува Rasa и со едно полнење може да патува 480 km. Производителот е подготвен да го лансира водородното издание во сериско производство од 2020 година. Мошне интересна работа е тоа што под дизајнот на Rasa се потпишува авторот на модерниот Fiat 500, Крис Рејтс.

Rasa

Што се однесува до специфичностите на ова остварување на технолошки план треба да се напомене дека секое од тркалата на Rasa е опремено со електромотор, а присуството на композитни материјали и легури ја прави вкупната маса на автомобилот, само 580 килограми. Поединости околу динамичките карактеристики засега нема.

Rasa