Нов играч на Милан ќе стане 21-годишниот Лукас Пакуета

Нов играч на Милан ќе стане 21-годишниот Лукас Пакуета

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, го договорил првото засилување за јануарскиот преоден рок. Нов играч на Милан ќе стане 21-годишниот Лукас Пакуета.

Играчот од редот на врска на Сан Сиро ќе дојде од Фламенго, а бразилскиот клуб од неговиот трансфер ќе заработи 35 милиони евра.

Пакуета, до крајот на оваа недела, треба да пристигне на лекарски прегледи во Милано, а потоа и да го потпише договорот. Во јануари тој ќе стекне право за настап.

Оваа сезона 21-годишниот фудбалер има одиграно 24 натпревари за Фламенго на кои постигнал два гола. Пакуета има забележано и два настапи за бразилската репрезентација.