Нов Холивуд пар? Со кого Хејли Болдвин разменува нежности?!

Хејли Болдвин, којашто “Maxim” ја прогласи за најубава жена на светот, наводно е во врска со еден од најпопуларните помлади пејачи на денешницата.

Се работи за Шон Мендес, пејач и текстописец чиишто песни постојано се слушаат ширум светот, а девојките од сите меридијани пак буквално лудуваат по него.

Според пишувањата на странските медиуми, Шон и манекенката се нов пар, бидејќи е забележано дека во текот на свечената вечера на доделувањето на MTV EMА наградите тие не се двоеле еден од друг.

Според изјавите на сведоците, тие се труделе на сите да им покажат дека се заедно, иако и двајцата за сето тоа мудро молчат.

“Бакнежи ‘летаа’ на сите страни, тие постојано се смееа и лудо се забавуваа. А тоа што не говорат јавно за својата врска е затоа што не сакаат да ги изгубат обожавателите. Тоа го прават сите, па ова не треба да биде чудно, ја пренесува британскиот Daily Mailизјавата на неиуменуваниот извор.

Хејли пак, чијшто татко е актерот Стивен Болдвин (односно таа му е внука на Алек Болдвин), претходно беше во кратка врска со Џастин Бибер. Џастин и Хејли за прв пат беа поврзани во романтичен контекст откако таа патуваше заедно со него на неговото семејно патување на Св. Бартс, во декември 2015-та година, кога тие споделија кратка серија од “љубовни” фотографии.

Но, веќе до месец април следната година, таа изгледаше сосема “изладено” во врска со љубовта кон Џастин…