Nissan произведе автомобил од еден милион евра

Nissan произведе автомобил од еден милион евра

Јапонскиот производител „Nissan“ ја претстави сериската верзија на супер-автомобилот „GT-R50“, развиена заедно со студиото „Italdesign“. Компанијата веќе ги прима нарачките за возилото, кое чини 990.000 евра.

Концептниот „Nissan GT-R50“ беше прв пат претставен во летото оваа година, а е изработен во чест на 50-годишнитата на моделот „GT-R“ и на работилницата „Italdesign“.

Моделот и се допадна на публиката и ова ја приндуи компанијата да одлучи да издаде мала серија од 50 примероци кои ќе се појават на пазарот.

Од стандардниот „GT-R“, возилото се одликува со неговата целосно нова каросерија и уникатната боја. На фотографиите, на пример, автомобилот е обоен во светло сина боја со златни акценти.

Супер-автомобилот е опремен со надграден 3.8-литарски V6 мотор од стандардниот „Nissan GT-R Nismo“. Притоа се ставени нови турбополначи, како и систем за преработка на горивото, систем за вбризгување и издувниот систем, моќноста на агрегатот е зголемена од 600 КС и 637 Nm на 720 КС и 780 Nm.

Динамичките карактеристики на возилото се уште не се објавени, но „GT-R Nismo“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди и развива максимална брзина од 320 км/ч.