Николас Кејџ ќе го глуми Николас Кејџ

Николас Кејџ ќе го глуми Николас Кејџ

Внукот на Френсис Форд Копола, актерот Николас Кејџ, ќе се глуми себеси во филм посветен на него.

Во тек се преговорите за улогата во која тој наводно ќе разговара со егоистична верзија на себеси од 90-тите години, која го критикува што снимал премногу нискобуџетни филмови.

Кејџ во новиот филм ќе се обиде да добие улога во филмот на Квентин Тарантино.

Драматург, режисер и продуцент се во последни преговори за филмот што ќе се вика „Неподносливата тежина на масивниот талент“ со продуцентската куќа „Лајонсгејт“. Дејството на филмот го следи ликот на Кејџ, кој се обидува да се избори и со големиот финансиски долг, па ќе се обиде да упадне на роденденот на припадник на мексикански наркокартел (кој е обожавател на Кејџ) и да му го покаже сценариото од филм што го напишал. Покрај сето тоа Кејџ се труди и неговата ќерка, која е тинејџерка, да биде среќна.

Сценариото го напишале Кевин Етен и Том Гормикан, кој е и режисер. Засега нема индикации кој друг ќе глуми со Кејџ.

Филмот делумно ќе биде базиран на вистина, со оглед на тоа што низ годините Кејџ стана опскурна фигура на Холивуд.

Кејџ стана и своевидна инспирација на креаторите на мемиња.