Никола Јакимовски го затреси грчки ПАОК

Никола Јакимовски го затреси грчки ПАОК

Македонскиот фудбалски интернационалец, Никола Јакимовски донесе бод за својот АЕЛ Лариса во пресметката со лидерот ПАОК во првата грчка лига.

Гостите од Солун дојдоа во водство во 55 минута преку Пелкас, но во 64 минута нашиот Јакимовски со еден одмерен удар погоди за израмнување и за голем бода затоа што до крајот немаше промени на резултатот.

Ова за Јакимовски беше прв гол во шампионатот, а има и една асистенција. АЕЛ Лариса со 31 бод е на 10 место на табелата.