Никол Шерцингер објави фотографии од летниот одмор

Никол Шерцингер објави фотографии од летниот одмор

Никол Шерцингер во изминатите две недели уживаше во Италија.

41-годишната пејачка постојано споделуваше фотографии од своите летни авантури и мамеше комплименти од своите обожаватели.

Во Италија, Никол уживаше на островот Капри.

Иако постојано е во топ форма, Никол во еден од описите на Instagram признава дека целиот живот имала комплекси поради тежината и физичкиот изглед, но дека сега конечно научила да го сака своето тело.

„Целиот мој живот имав комплекси поради мојата тежина и мојот физички изглед и сè уште имам, но како што минува времето, сфаќам дека треба да бидам понежна кон себе. Животот е прекраток. Премногу време трошиме за да се критикуваме себеси наместо да се охрабруваме. Сфатив дека не треба да бидам толку строга кон себе и дека морам да изберам да се сакам себеси и моето тело во сите негови фази и периоди! Овој период сум благодарна на телото за кое напорно вежбав во фитнес салата. Сега се наградувам себеси со јадење тестенини тука, на едно од моите омилени места. Италија!“ – напиша Шерцингер.